Skip to main content

Жителите на Палермо бесни поради свадбата на Дуа Липа: Нашиот плоштад не е ваша дневна соба

Жителите на Палермо се бесни поради затворањето на улиците пред свадбата на пејачката Дуа Липа и британскиот актер Калум Тарнер. Тие поставија знаци на кои пишува „Палермо не е за изнајмување, нашиот плоштад не е вашата дневна соба“.

Жителите на сицилијанската престолнина го отфрлија тврдењето на градоначалникот Роберто Лагала дека настанот ќе донесе „голем поврат поради рекламирата за Палермо“ и поставија барикади на улицата што води до галеријата за модерна уметност во градот, каде што Липа и Тарнер денеска ја одржуваат својата церемонија.

instagram.com/dualipa/

Во меѓувреме, папараците, претежно од британските таблоиди, се зафатени со пребарување на Палермо за потенцијални локации за главниот настан во петок навечер.

Липа (30) и Тарнер (36), ѕвездата на „Чудни ѕверови“, се венчаа претходно оваа недела во матична канцеларија во неговиот роден Лондон и го избраа главниот град на живописниот остров во срцето на Медитеранот за нивниот свадбен прием, пренесе „Јутарњи“.

Поврзани вести