Skip to main content

Скопјанец пронајден крвав во домот, вели сам се повредил додека готвел

Вчера во 14:00 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден повреден со нож Д.Б.(46) од Скопје, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и според првичните сознанија и неговата изјава, тој сам се повредил при пад во кујната додека работел.

Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Поврзани вести