
Украинските специјални операции објавија видео од операцијата во која рускиот генерал-полковник Еседула Абачев беше тешко ранет.
Нападот врз возилото на генералот е извршен длабоко на руска територија, во Курската област, пишува Украинска правда.
Според соопштението, операцијата е извршена од единицата UA_REG TEAM на украинските специјални сили во ноќта помеѓу 16 и 17 август. Нападот се случил на пет километри од градот Рилск во Курската област во Русија, а целта било возилото во кое бил Абачев, заменик-командантот на руската група на сили „Север“.
По нападот, генералот бил итно префрлен со хеликоптер во Москва, каде, како што е наведено, поради сериозноста на повредите, му биле ампутирани раката и ногата. Во соопштението на специјалните операции, се потсетува дека украинското обвинителство поднело обвинение против Абачев уште во 2023 година.