Skip to main content

Руската делегација пристигна во Истанбул, ќе ги чекаат Украинците на преговори за мир

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински, пристигна во Истанбул на чело на руската делегација за нова рунда преговори со Украина закажана за утре, објави РИА Новости.

Разговорите меѓу делегациите на двете земји се закажани за утре во 13:00 часот, (12 часот по македонско време), во палатата Чираган. Како што е најавено, украинската делегација повторно ќе ја предводи министерот за одбрана на земјата, Рустем Умеров.

Според руските медиуми, Москва во Истанбул ќе презентира меморандум за идниот мировен договор, во кој се вклучени сите аспекти за решавање на причините за судирот.

Претходната рунда директни преговори помеѓу Москва и Киев, од почетокот на војната, се одржаа на 16 мај во Истанбул, на кои беше договорена размена на воени заробеници „1.000 за 1.000“.

Поврзани вести