Skip to main content

Рубио им забрани на американските дипломати да коментираат дали изборите во странство биле фер или не

Facebook/Marco Rubio
Facebook/Marco Rubio

Државниот секретар на САД, Марко Рубио им забрани на американските дипломати да коментираат за тоа дали изборите во странство биле фер или не.

Како штообјави Ројтерс, повикувајќи се на извори во Стејт департментот, на американските дипломати низ целиот свет им е забрането да изразуваат мислења за фер, праведна и легитимна природа на изборите во други земји.

Според телеграма испратена до дипломатските мисии, кога се дискутира за странски избори, треба да се избегнуваат изјави за „демократски вредности“ или „легитимитет на изборниот процес“. Доколку е потребно, коментарите треба да се ограничат на кратки честитки до победникот и, доколку е можно, споменување на заедничките интереси на американската надворешна политика.

Според одлукатанна Рубио, сите изјави за текот на изборниот процес во странство, ќе можат да ги даваат само државниот секретар или официјален претставник на Стејт департментот. На другите дипломати им е забрането да објавуваат какви било проценки без директно одобрение од раководството на Стејт департментот.

Поврзани вести