
Кремљ соопшти дека Русија е во постојан контакт со раководството на Иран во врска со она што Москва го нарече отворена агресија против Техеран.
Дмитриј Песков, портпаролот на претседателот Владимир Путин, изјави дека Русија е „длабоко разочарана од развојот на настаните“.
Ројтерс потсетува дека вчера Путин го осуди убиството на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, како „цинично“, а руското Министерство за надворешни работи ги обвини САД и Израел дека го туркаат Блискиот Исток „во бездната на неконтролирана ескалација“.
Песков денеска изјави дека Русија ја анализира ситуацијата и извлекува свои заклучоци откако Вашингтон одлучи да започне напади врз Иран и покрај преговорите со Техеран што Москва ги сметаше за ветувачки.
Во врска со преговорите меѓу САД и Иран, кои беа посредувани од Оман, секако можеме да го изразиме нашето длабоко разочарување што, и покрај извештаите за значителен напредок во овие преговори, ситуацијата се влоши во отворена агресија – рече Песков.
Тој им рече на новинарите дека Путин треба да оствари меѓународен телефонски повик поврзан со Иран подоцна денес, но не откри со кого ќе разговара шефот на Кремљ.
Можам само да кажам дека сме во постојан контакт со иранското раководство и дека разговараме за ситуацијата околу таа земја. Во исто време, го продолжуваме нашиот дијалог со раководството на земјите погодени од конфликтот, вклучувајќи ги и државите од Персискиот Залив – рече Песков.

Македонски

