Skip to main content

Путин најави дека Русија ќе произведува пловечки нуклеарни електрани

 Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави револуционерен развој во областа на мирнодопската нуклеарна енергија, како и дека Русија наскоро ќе произведува пловечки нуклеарни електрани.

Путин на Глобалниот атомски форум во Москва изјави дека, според проекциите, ресурсите на ураниум ќе се исцрпат до 2090 година, но дека тоа може да се случи и порано, пренесуваат РИА Новости.

Тој рече дека Русија до 2030 година ќе пушти во работа прв светски нуклеарен енергетски систем со затворен циклус на гориво во Томската област, што, како што наведе, ќе го реши овој проблем.

Поврзани вести