
По разрешувањето на Старовоит, Путин го назначи Андреј Никитин за вршител на должноста министер за транспорт, објави Ројтерс.
Старовоит го водеше Министерството за транспорт од мај 2024 година, а пред тоа беше гувернер на Курската област, според агенцијата ТАСС.
Бриселскиот „Политико“ тврди дека Путин го разрешил Старовоит откако Украина го загрози рускиот воздушен сообраќај.
Руската влада не даде официјално објаснување за разрешувањето на Старовоит, но разрешувањето дојде по украинските напади со беспилотни летала за време на викендот, кои предизвикаа хаос во рускиот воздушен сообраќај, со патници заглавени на аеродромите поради откажани летови, според бриселскиот портал.