Skip to main content

Припадниците на Националната гарда распоредени во Вашингтон добија наредба да носат огнено оружје 

military_material-from-pixabay

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет нареди припадниците на Националната гарда, кои патролираат на улиците на Вашингтон, во рамките на борбата против криминалот, да носат огнено оружје.

Во моментот во главниот град на САД се распоредени околу 2.000 припадници на Националната гарда.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон, поради неговата интервенција, сега е побезбеден од кога било.

Трамп најави дека Чикаго и Њујорк ќе бидат следните големи градови каде ќе се спроведува федерална акција против криминалот.

Ќе ги направиме нашите градови многу, многу безбедни. Мислам дека Чикаго ќе биде нашиот следен, а потоа ќе му помогнеме на Њујорк, истакна Трамп.

Поврзани вести