Skip to main content

Полска привремено затвори два аеродроми поради руските напади врз Украина

Artur Voznenko on Unsplash

Полска привремено ги затвори аеродромите во Жешов и Лублин откако полските вооружени сили подигнаа борбени авиони како одговор на руските воздушни напади врз Украина, објавија светските агенции, повикувајќи се на извештај на Полската агенција за воздушна навигација објавен на Икс.

Руските сили нападнаа неколку области во регионот Киев, предизвикувајќи повреди и штети на станбени згради, градилишта и претпријатија, соопшти регионалната воена администрација на Киев на Телеграм, цитирана од Укринформ. Едно лице е повредено во регионот Ивано-Франкивск, кое возело во времето на нападот и било хоспитализирано во локална болница.

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски утре во Палм Бич, Флорида. Билатералната средба е закажана за 15:00 часот по локално време и ќе биде посветена на продолжување на разговорите за напорите за завршување на војната во Украина.

Сè уште не е јасно дали ќе има какви било преговори со Русија, бидејќи Москва не се спомнува во официјалното соопштение на Белата куќа.

Поврзани вести