Skip to main content

Политико: Зеленски и понуди 500 милиони евра на Словачка за да гласа за членство на Украина во НАТО

Словачкиот премиер Роберт Фицо на самитот на лидерите на Европската унија изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му понудил 500 милиони евра од рускиот имот во замена Словачка да гласа за членство на Украина во НАТО, пишува денеска Политико.

Како што рече Фицо за време на самитот во четвртокот, Зеленски и понудил на Словачка 500 милиони евра замрзнати руски средства, кои Словачка се очекува да ги загуби откако Киев ќе го прекине трансферот на руски гас преку Украина од 1 јануари.

Условот, според Фицо, бил словачка поддршка за пристапот на Украина во НАТО, а словачкиот премиер ја одбил понудата.

Зеленски ме праша дали би гласал за членство во НАТО ако ми даде 500 милиони евра руски имот, а јас секако реков „никогаш“, рече Фицо.

Зеленски во четвртокот објави дека Украина нема да го обнови договорот за транзит на руски гас преку украинска територија, кој истекува на 31 декември, за да ја спречи Русија да „заработи милијарди“ додека трае војната во Украина.

Оваа одлука предизвика загриженост кај Словачка, Унгарија, Италија и Австрија, чии државни енергетски компании во заедничка декларација повикаа на продолжување на транзитот на гас преку Украина.

Словачките медиуми објавија дека Зеленски и Фицо разговарале за ова прашање вчера, но дека деталите не се познати.

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel girişcasibomcasibomcasibom