
Германската полиција преку својот профил на платформата X извести дека сите полициски проверки на плоштадот Терезин во Минхен, каде што се случува Октоберфест, се завршени. Од страна на надлежните е проценето дека учесниците и гостите на манифестацијата не се изложени на никаков ризик.
„Полициските мерки на Терезин се завршени. Не е забележана никаква опасност. Октоберфест се отвора во 17:30 часот“, стои во објавата на германската полиција на Х, објави Билд.
Терезиенплац е јавен простор лоциран во областа Лудвигсворштат-Исарворштат во Минхен, со површина од 42 хектари. Тој е најпознат како местото каде што се одржува познатиот фестивал на пивото Октоберфест, кој за прв пат бил организиран во 1810 година.
Градоначалникот на Минхен исто така попладнево потврди дека:
„Октоберфест повторно се отвора од 17:30 часот. Полициските мерки на Терезиенплац се завршени“.