Skip to main content

Папата Франциск: Она што го прави Израел е суровост, а не војна

Папата Франциск ијави дека то што го прави Израел во Газа е суровост, а не војна.

Постојано се бомбардирани деца. Ова е суровост, ова не е војна“, рече поглаварот на Римокатоличката црква, потсетувајќи на израелски напад извршен деновиве, а во кој беа убиени најмалку 25 Палестинци, меѓу кои и деца.

Папата додаде дека израелските власти, исто така, одбиле да му дозволат на латинскиот патријарх на Ерусалим, кардиналот Пјербатиста Пицабала, да влезе во Појасот Газа, каде што планираше да ја посети католичката заедница.

Папата Франциск истакна дека претходно било ветено дека посетата на кардиналот на палестинската енклава била одобрена.

Израелското Министерство за надворешни работи ја отфрли изјавата на папата за бруталноста на војната во Газа, нарекувајќи ја „откината од вистината“ и со двојни стандарди.

Поврзани вести