
Цените на нафтата денеска на меѓународните берзи се намалија под 60 долари за барел откако водечките производители одлучија да ја зголемат понудата и покрај стравувањата дека бранот царини би можел да ја ограничи побарувачката.
На Лондонската берза барел нафта се тргуваше за 59,83 долари што е намалување за 1,46 долари. Додека на американските берзи барел нафта поевтини за 1,55 долари односно се тргуваше за 56,74 долари.
Саудиска Арабија, Русија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Казахстан, Алжир и Оман најавија дека во јуни ќе ја зголемат понудата за 411.000 барели дневно, што значи дека до крајот на јуни на пазарот ќе пласираат дополнителни 960.000 барели нафта дневно.