Skip to main content

Oва на Трамп нема да му се допадне: В.д претседателка на Венецуела ги посети војниците повредени во американските напади

– Вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез денеска ги посети војниците повредени во американските напади извршени за време на викендот, јави ДПА.

Министерот за одбрана Владимир Падрино ја придружувал Родригес при денешната посета на воена болница во главниот град Каракас,  јавија локални медиуми.

Владата на Венецуела сè уште не соопшти официјални податоци за бројот на загинати и повредени во американската операција за апсење на авторитарниот лидер Николас Мадуро, изведена во раните часови во саботата.

Весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на висок функционер од Венецуела, објави дека загинале околу 80 лица.

Според владата во Хавана, во американскиот воен удар загинале 32 кубански државјани. Безбедносни сили од карипската држава со години се распоредени во Венецуела, каде што биле задолжени за личното обезбедување на Мадуро или за одржување на дисциплината во рамките на вооружените сили