Skip to main content

Орбан: По средбата Трамп-Путин, светот е побезбеден

Facebook Orbán Viktor

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денес соопшти дека светот е посигурно место по состанокот помеѓу претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и неговиот руски колега, Владимир Путин, на Алјаска.

Со години бевме сведоци како двете најмоќни нуклеарни сили ги укинуваат темелите на нивната кооперација и разменуваат остри пораки, напиша Орбан на Фејсбук.

Тој дообјасни дека оваа практика сега е завршена. „Светот денес е побезбедно место отколку што беше вчера“, изјави Орбан.

Денеска, светските лидери даваа свои видувања за самитот меѓу американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин. Според медиумските извештаи, реакциите беа измешани – дел ја критикуваа оскудноста на конкретни исходи, додека други ја истакнаа значајноста на самиот разговор.

Поврзани вести