Skip to main content

Орбан: Ќе има правни последици за организирање на Парадата на гордоста во Будимпешта

Facebook/Orbán Viktor

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска предупреди дека ќе има правни последици за организирање или присуство на Парадата на гордоста во Будимпешта, која е закажана за сабота.

Тој рече дека ова ја крши полициската забрана за настанот.

Ние сме возрасни и им препорачувам на сите сами да донесат одлука, но да ги почитуваат правилата. Ако не го сторат тоа, ќе се соочат со јасно дефинирани правни последици, изјави Орбан за државното радио, јавија британските медиуми.

Премиерот нагласи дека полицијата има овластување да го растера забранетиот настан, но додаде дека Унгарија е „цивилизирана земја“ и дека задачата на полицијата е да ги убеди луѓето да го почитуваат законот.

Поврзани вести