Skip to main content

Орбан ќе бара од Европскиот совет да нема заклучоци за Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во четврток на Европскиот совет ќе му предложи да нема никакви заклучоци во врска со Украина поради разликите меѓу земјите – членки на ЕУ во врска со ова прашање, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петар Сијарто. 

Нам ни е сосема јасно дека во пристапот кон украинската војна има стратешка разлика помеѓу нас и мнозинството во ЕУ. Оваа разлика не може никако да се премости со никаков комуникациски трик. Затоа (Орбан) предложи да нема на седницата на Европскиот совет никакви заклучоци во поглед на Украина бидејќи не може да се постигне согласност. Ние би сакале војната да заврши, но мнозинството би сакале да продолжи војната. Значи, двете позиции немаат заеднички именител, рече унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Сијарто одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија Тимчо Муцунски.    

Според него, ако има таква расправа, би можело „да значи поделба што сега како општа слика ја пренесува Европската Унија“.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска на заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски уште еднаш ја потенцира п

За причината зошто Унгарија не била поканета на Самитот во Лондон, Сијарто рече дека неговата земја нема интерес за продолжување на војната и е на страна на мирот. Унгарскиот министер потенцира дека осум членки на Унијата одлучиле да ја продолжат војната во Украина.

Но, за жал има и сили кои се обидуваат се да направат и да го спречат мировниот договор на претседателот Трамп, рече Сијарто на прес-конференцијата.  

Сијарто потврди дека унгарската влада е во постојана комуникација со американската администрација и дека премиерот Викрот Орбан имал разговори со претседателот на САД Доналд Трамп. 

Што се однесува до американската администрација и унгарската Влада, контактот е постојан, комуникацијата е постојано на сите нивоа на власта, дури и на највисоките. Редовно се советуваме за најважните прашања. Исто така премиерот (Викрот Орбан) разговара со претседателот Трамп. Во престојната недела ќе има такви разговори. Се разбира сега најважната тема на ваквите контакти е создавањето на мир, враќањето на мирот бидејќи се гледа дека голем број европски лидери се обидуваат да ги спречат напорите на Трамп. Ние кои живееме тука во сенката на војната веќе три години, апсолутно ги поддржуваме напорите на Трамп за постигнување на мир, бидејќи јасно ни е дека договор помеѓу Русија и САД е клучот за мирот, нагласи Сијарто. 

Тој вели дека во однос на санкциите за Русија, сега топката се движи на полето на ЕУ.

Имаше четири обврски и две од тие четири веќе се нарушени. Затоа јас испратив писмо до Европската комисија за да потврди дали ќе продолжат тие санкции, рече Сијарто. 

Поврзани вести