Skip to main content

ОН: Повеќе од 5.600 луѓе се убиени лани во насилства на бандите на Хаити

Повеќе од 5.600 луѓе биле убиени минатата година на Хаити, каде има насилства од бандите, што е зголемување за повеќе од 20 отсто споредено со 2023 година, соопшти Канцеларијата за човекови права на ОН.

Како што се наведува во ивештајот, во насилствата биле повредени повеќе од 2.200 луѓе, а речиси 1.500 биле киднапирани.

Меѓу убиените се двајца новинари и еден полицаец кои настрадале во пукотница во пресрет на Божиќ додека чекале на долго најавуваното повторно отворање на најголемата јавна болница, која била затворена поради насилствата на бандите.