Skip to main content

Олимписки шампион ја силувал ќерката на тренерот

Двократниот олимписки првак во пливање, Французинот Јаник Ањел (33) ќе се соочи со судски процес под обвинение за силување малолетничка и сексуален напад, откако неговата жалба е одбиена.

Адвокатите на францускиот пливач поднесоа жалба во мај, но судот во Колмар го отфрли неговото барање и нареди судењето да продолжи.

Ањел е осомничен дека во 2016 година имал врска со Наом Хортер, ќерка на неговиот тренер, која во тоа време била на 13-годишна возраст. Ањел тврди дека нивната врска била консензуална и љубовна. Тој првпат беше уапсен во декември 2021 година, а потоа призна дека имал врска со девојката.

Францускиот пливач освои два златни медали на 200 метри слободно и 4×100 метри слободно на Олимписките игри во Лондон во 2012 година. Од професионалното пливање се повлече во 2016 година

Поврзани вести