Skip to main content

Обновата на нафтеното производство во Венецуела ќе чини 100 милијарди долари

Freepik

Реконструкцијата на инфраструктурата за враќање на производството на нафта во Венецуела на ниво од врвот од 1970-тите, ќе ги чини американските компании повеќе од 100 милијарди долари и ќе трае околу 10 години, објави „Блумберг“.

Венецуела моментално произведува околу еден милион барели дневно, што е намалување од речиси 4 милиони барели во 1974 година.

Потребата за обнова на нафтената инфраструктура ја спомена и американскиот претседљател Доналд Трамп во изјава за „Ен-Би-СИ њуз“.

Нема да има нови избори во Венецуела во следните 30 дена. Прво, мора да ја обновиме земјата. Изборите се невозможни. Луѓето дури и нема да можат да гласаат. Ова бара време. Мора да ја негуваме земјата додека не се опорави“, изјави Трамп.

Поврзани вести