
Полициската управа на градот Њујорк издаде предупредување до граѓаните да ја избегнуваат областа на Тајмс Сквер поради „активна полициска истрага“.
Во соопштение објавено на социјалната мрежа X, делот од Седмата авенија помеѓу 42-ра и 44-та улица, вклучувајќи го и аголот на 43-та улица, каде што се наоѓа деловната зграда на Тајмс Сквер број 3, е затворен.
На работниците во таа зграда им е наредено да се оддалечат од прозорците, додека многумина беа преместени на приземјето од зградата.
Локални медиуми јавија дека полицјата е во потрага по човек кој оставил сомнителен пакет.