
Американската армија објави дека презела нов бран напади врз Иран во шест часот по источноамериканско време (пладне по средноевропско време).
Целта на нападите е дополнително да се ослабат воените капацитети што иранските сили ги користеа за напад врз трговски бродови во Ормуска Теснина, објави Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) на платформата Икс.
Иранската државна новинска агенција Фарс јави дека 13 американски ракети синоќа погодиле касарна на копнените сили во градот Бампур, јужен Иран, при што загинаа седум војници.
Иранската армија соопшти дека „решително“ ќе одговори на американскиот смртоносен напад.
Претходно, портпаролот на иранското Министерство за здравство, Хосеин Керманпур изјави дека синоќешните американски напади врз Иран повредени се повеќе од 260 луѓе. Додека портпаролката на иранската влада, Фатемех Мохаџерини, наведе дека „изминатите последни денови“ убиени се повеќе од 30 луѓе.
Армијата на САД утрово повторно воведе блокада на иранските пристаништа откако Техеран нападна бродови, кои се обидоа да поминат низ Ормуската Теснина.(МИА)

Македонски



