Skip to main content

Нетанјаху му честиташе на Трамп: Најдобрите денови на нашиот сојуз допрва доаѓаат

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му честиташе на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата втора инаугурација, во видео изјава велејќи дека „најдобрите денови на нивниот сојуз допрва доаѓаат“.

Вашиот прв мандат како претседател беше исполнет со револуционерни моменти“, рече Нетанјаху.

Тој наведе некои од клучните чекори што Трамп ги презеде за време на неговото прво претседателствување, вклучително и потпишувањето на Абрахамскиот договор со кој се нормализираа дипломатските односи меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.

Се повлековте од опасниот ирански нуклеарен договор, го признавте Ерусалим како главен град на Израел, ја преместивте американската амбасада во Ерусалим и го признавте суверенитетот на Израел над Голанската Висорамнина. Уверен сум дека ќе го завршиме поразот на иранската терористичка оска и ќе воведеме нова ера на мир и просперитет за нашиот регион“, рече Нетанјаху.

Тој, исто така, му се заблагодари на Трамп за неговата помош во посредувањето за договорот со Хамас за прекин на огнот и за ослободување на заложниците. 

Поврзани вести