Премиерот Бенјамин Нетанјаху е поканет од американскиот претседател Доналд Трамп на средба во Белата куќа на 4 февруари, соопшти попладнево кабинетот на израелскиот премиер.
Премиерот Нетанјаху е првиот странски лидер кој е поканет во Белата куќа за време на вториот мандат на претседателот Трамп, се нагласува во соопштението.