Skip to main content

„Нетанјаху е наша цел, ќе го гониме и ќе го убиеме“: се закани Иран

Иранската револуционерна гарда се закани дека ќе го таргетира израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Ако овој криминалец кој убива деца е жив, ќе продолжиме да го прогонуваме и да го убиеме“, соопшти гардата, пренесуваат иранските медиуми.

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на 2 март соопшти дека во десеттиот бран е извршен ракетен напад врз комплексот на израелската влада во Тел Авив, односно врз канцеларијата на Нетанјаху, како и врз безбедносни и воени центри во Хаифа и источен Ерусалим.

Поврзани вести