
Се чини дека нема преживеани во авионската несреќа која се случи во Индија, соопштија официјални лица за странски медиуми. Се уште се утврдуваат точните бројки на загинати.
Некои медиуми во Индија пренесоа дека стравувањата се дека повеќе од 100 лица се мртви во ужасната несреќа.
Авионот oд типот Боинг 787-8 Дримлајнер се урна напладне кратко по полетувањето од аеродромот Ахмедабад со повеќе од 240 лица во него. Моделот се смета за еден од најнапредните во светот.
Повеќе од сто безживотни тела се донесени во болницата во Ахмедабад по уривањето на патничкиот авион на „Ер Индија“, кој летал за Лондон.
Авионот Боинг 787-8, со 232 патници и 12 членови на екипажот, што денеска се урна кратко време по полетувањето од индискиот град Ахмедабад, падна врз студентски дом на Медицинскиот колеџ, во кој се сместени студенти и млади лекари. Спасувачките служби ги пребаруваат урнатините.