Skip to main content

Неколку лица се повредени во експлозија во рафинерија во близина на Фиренца

Неколку лица се повредени денеска во експлозија во рафинеријата на енергетската компанија „Ени“ во местото Каленцано, во близина на Фиренца, соопштија тосканските власти.

Противпожарните, медицинските и полициските служби се на терен, пренесува РАИ.

Болницата „Кареџи“ во Фиренца активираше протокол за ситуации во кои се очекува голем прилив на повредени лица.

Поврзани вести