Skip to main content

Москва развива механизми за одговор на 20-тиот пакет санкции на ЕУ кон Русија

Москва започна работа на развој на инструменти што можат да одговорат на 20-тиот пакет санкции на ЕУ кон Русија, изјави денеска директорот на Одделот за економска соработка на руското Министерство за надворешни работи, Дмитриј Беричевски.

Разгледуваме економски инструменти што ќе ни овозможат да го зајакнеме нашиот суверенитет, да ги поддржиме нашите производители и да им ги отежниме работите на оние производители на кои не им забрануваме влез на рускиот пазар, за да се чувствуваат дека се конкуренти и дека нашите производители се во поповолна позиција – рече Беричевски.

Тој нагласи дека комисијата за намалување на бариерите за надворешна трговија развива целни економски мерки.

Руското Министерство за надворешни работи претходно објави дека Русија ставила на црна листа претставници на Европската Унија кои учествувале во донесувањето одлуки за помош на Украина и кои имаат непријателски ставови кон Москва.

Исто така, воведовме рестриктивни мерки против активисти на граѓанското општество и претставници на академската заедница во европските земји кои имаат непријателски ставови кон Русија, како и пратеници на националните парламенти на земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент кои гласаа за антируски резолуции и закони – изјави руското Министерство.

Европската унија, која го одобри 20-тиот пакет санкции против Москва, со тоа ги продолжува своите обиди да изврши притисок врз Русија преку ескалација на едностраните рестриктивни мерки, нагласи руското Министерство.

Деструктивната политика на Брисел не може да има никакво влијание врз надворешната политика на Русија, се нагласува во соопштението.

Европската унија го усвои 20-тиот пакет санкции против Русија на 23 април, а Европскиот совет објави дека тоа е најголемиот пакет санкции во последните две години.

Поврзани вести