
Во руската Ростовска област во текот на ноќта беше одбиен украински напад со дрон, а повредени се четири лица, вклучително и едно дете, соопшти вршителот на должноста гувернер на областа, Јуриј Сљусар.
Во Ростов на Дон, како резултат на нападот избувна пожар на горните катови на две згради и беше извршена евакуација на населението, соопштија руските власти.
– Ноќеска нашите сили за противвоздушна одбрана одбија напад на беспилотни летала во Ростовскиот, Мјасниковскиот и Неклиновскиот округ. Тројца возрасни и едно дете побараа медицинска помош, но никој од нив не претрпе сериозни здравствени повреди, напиша Сљусар на Телеграм.