
Треба повеќе да направиме за да спречиме убиства на жени, изјави премиерката на Италија, Џорџа Мелони по најмладата жртва на фемицид во земјата.
На 26 мај во градот Афрагола убиена е 14-годишната Мартина Карбонаро од нејзиното 18-годишно момче откако ја раскинала врската.
Ова злосторство ја обврзува земјата да погледне во лицето на длабокото зло, што не може ниту да се игнорира ниту да се прифати како нормално. Ова зло, е слепо и посесивно насилство, што премногу често е насочено кон жените, особено кон најмладите – наведе Мелони.
Таа го повика правосудството да ја исполни својата задача да дејствува во случајот со максимална строгост, а институциите да не затвораат очи пред тоа што се случило.
Мелони потсети дека нејзината влада усвоила многу прописи во обид да спречи фемициди, но законите никогаш нема да бидат доволни ако во Италија не се спроведе длабока културна и социјална промена.
Последните години се направени чекори, но тие очигледно не се доволни. Треба да направиме повеќе заедно. За Мартина. За сите – истакна Мелони.