Skip to main content

Медведев: Русија нема намера да војува со НАТО ниту да ја нападне Европа

Facebook/Дмитрий Медведев

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека искуствата од Потсдамската конференција од 1945 година сè уште можат да се применат врз денешната ситуација во Украина. Освен демилитаризација, денацификација и демократизација, тој нагласи дека земјата има потреба и од, како што ја нарече, „депаразитизација“.

Во интервју за руската новинска агенција ТАСС, по повод 80-годишнината од почетокот на Потсдамската конференција, Медведев оцени дека поранешните сојузници на Советскиот Сојуз ги прекршиле договорите донесени веднаш по Втората светска војна и продолжиле со долготрајна политика на непријателство кон Русија.

Тој потсети на т.н. принципи „три Д“ – демилитаризација, денацификација и демократизација – кои биле применети кон нацистичка Германија, и оцени дека тие се актуелни и во украинскиот контекст.

„Во Украина денес се присутни отворени елементи на нацизам – симболи, идеологија, говор на омраза. Паравоените формации стекнаа политичко влијание, а често и не се под целосна контрола на државата. Киевскиот режим е практично незаменлив, опозицијата е под притисок, а медиумските слободи се речиси угушени“, рече Медведев.

Тој го обвини Западот дека не спровел целосна денацификација ни во Германија по војната, истакнувајќи дека многу нацистички злосторници останале неказнети или биле брзо амнестирани.

„Западните елити направија сè за да зачуваат делови од нацистичката идеологија. Денес во Германија има политичари кои отворено се гордеат со своето нацистичко потекло, а изјавите на министерот за одбрана Писториус и канцеларот Мерц потсетуваат на реторика од мрачните времиња“, додаде тој.

Медведев подвлече дека Русија нема намера да започне војна со НАТО или да ја нападне Европа, нарекувајќи ги таквите тврдења „апсурдни провокации“ кои имаат за цел да ја вознемират јавноста и да создадат паника.

„Овие работи мора да ѝ бидат јасни на јавноста. Зашто, вистинскиот судија за нацизмот не беше историјата, туку војникот на Црвената армија“, заклучи Медведев.

Поврзани вести