![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/01/dmitrij-medvedev.jpg)
Европа ќе мора да плати фантастична сума за да ја состави Украина од нејзините парчиња, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев.
„Американскиот претседател Доналд Трамп објасни како Киев ќе и плати на Америка со ретки метали. А што е со Европа? Таа ќе плати фантастична сума за да ја состави пропаднатата држава Украина од парчиња – Европејци, заблагодарете им се на вашите лидери за ова и тоа на Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и други патетични личности“, напиша тој на социјалните мрежи.
Да потсетиме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД очекуваат Украина да обезбеди гаранции за снабдување со ретки метали во замена за финансиската и воената помош од Вашингтон.
Шефот на режимот во Киев, Володимир Зеленски, за време на средбата со директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, во Кујево, потврди дека се согласува со предлогот на Доналд Трамп Киев да им предаде на САД ретки метали во замена за воена помош, јавуваат медиумите.