
Старлинк никогаш нема да ги исклучи своите терминали во Украина, изјави синоќа на „Икс“ Илон Маск. Изјавата предизвика коментари од полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.
Изјавата на Маск доаѓа по претходно изнесени многу поразлични ставови во однос на војната во Украина од оние на властите во Киев.
-Никогаш не би го направиле тоа и никогаш не би ја искористиле Украина како монета за поткусуруање, изјави Маск. Сикорски на ова одговори дека Полска платила за употребата на Старлинк во Украина и заканата да биде исклучена оваа сателитска мрежа ќе значи дека тие ќе бараат друга.
Државниот секретар Марко Рубио са надоврза на оваа изјава со ставот дека „никој не се заканил дека ќе ја исклучи Украина од Старлинк“.
-И кажете благодарам, затоа што без Старлинк Украина одамна би ја изгубила војната, а Русите сега ќе беа на границата со Полска“, му одговори Рубио на Сикорски. Маск потврди декај коментарот на Рубио бил „апсолутно точен“ и го нарече Сикорски „мал човек“.
Овие коментари го натераа полскиот премиер Доналд Туск да ги повика сојузниците да покажат респект кон помалите парнери а не ароганција.
Од Белата куќа претходно потврдија дека информациите за исклучувањето на Старлинк во Украина се лажни.