Skip to main content

Маск: Го предизвикувам Путин на физичка пресметка околу Украина

Илон Маск повторно ја коментираше војната во Украина, тврдејќи дека украинската војска ќе пропадне без неговиот систем Starlink и се залагаше за итен прекин на конфликтот.

Буквално го предизвикав Путин на физичка пресметка еден на еден околу Украина, а мојот систем Старлинк е столбот на украинската војска. Целата нивна прва линија на фронтот ќе се урне ако го исклучам“, напиша тој на X.

Маск истакна дека е ужаснат од годините на крвопролевање во војната која, Украина на крајот нема да може да ја добие.

Она што ме згрозува се годините на масакр во ќор-сокак што Украина неизбежно ќе го загуби.“

Заклучи со пораката дека секој што навистина се грижи, размислува и ја разбира ситуацијата треба да бара крај на војната.

Секој кој навистина се грижи, навистина мисли и навистина разбира, сака да престане оваа мелница за месо. МИР СЕГА!!“

Поврзани вести