Skip to main content

Макрон: На Европа и треба силна Италија која ќе дејствува заедно со нејзините партнери

Францускиот претседател Емануел Макрон, во интервју за италијанското издание „Фолио“, ијави дека на Европа и треба силна Италија која ќе дејствува заедно со нејзините партнери за да најде излез од војната во Украина.

Макрон ја повика ЕУ да остане обединета.

Ако сакаме да генерираме доверба како Европејци во нашата долгорочна поддршка за Украина, мора да бидеме способни да обезбедиме цврсти безбедносни гаранции. Се обидуваме да ги придвижиме работите. И ни треба Италија, силна Италија која дејствува заедно со Франција, Германија, во координација со големите земји.

Италија треба да биде на наша страна, да се посвети на овој пат и да го стори тоа како голема европска земја, следејќи ги стапките на Марио Драги“, рече Макрон, мислејќи на претходникот на премиерката Џорџа Мелони.

На маргините на самитот во Лондон, Мелони рече дека е важно да се избегне поделба на Западот по спорот меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски во Овалната соба на Белата куќа.

Мелони додаде дека Италија и Велика Британија можат да играат важна улога и да бидат тие што градат мостови меѓу земјите. 

Поврзани вести