
Американскиот технолошки гигант Мајкрософт планира да инвестира 700 милиони долари во Полска за да ја подобри кибербезбедност во соработка со вооружените сили на земјата.
Премиерот на Полска, Доналд Туск, на заедничката прес-конференција со потпретседателот на Мајкрософт, Бред Смит, истакна дека инвестицијата ќе биде за втората фаза од веќе завршениот проект на центарот за податоци вреден еден милијарда долари.
Центарот за податоци беше отворен во 2023 година, обезбедувајќи „клауд“ (cloud) услуги за компаниите и владините институции.