Skip to main content

Лавров: Русија ќе продолжи да ѝ помага на Африка да ги зајакне своите одбранбени капацитети

Министерство иностранных дел Российской Федерации
Министерство иностранных дел Российской Федерации

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров најави дека Русија ќе продолжи да ги зајакнува одбранбените способности на африканските држави и ќе ја продолжи помошта за прехранбената и енергетската безбедност.

Ќе продолжиме да им помагаме на заинтересираните африкански земји во зајакнувањето на нивните одбранбени капацитети и сузбивањето на тероризмот, обезбедувајќи безбедност на храната и енергијата, посочи Лавров на свечениот прием во Москва посветен на Денот на Африка.

Лавров истакна дека трговската размена помеѓу Русија и Африка минатата година изнесувала над 27,7 милијарди долари.

Јасно е дека, со оглед на потенцијалот што го имаме, ова е далеку од границата, наведе Лавров.

Поврзани вести