Skip to main content
Анализа на Европската централна банка

Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

i-eagle123-from-pixabay

Кинескиот извоз во Европската Унија значително се зголемил по пандемијата на корона-вирусот, што го зголеми притисокот врз вработувањата во еврозоната, особено во автомобилската индустрија и хемиската индустрија, покажува објавената анализа на Европската централна банка (ЕЦБ).

Извозот на кинески автомобили во еврозоната се зголемил за 150 проценти во периодот од 2019 до 2024 година, а на хемиски производи за 140 проценти.

Во автомобилската и хемиската индустрија во еврозоната моментално се вработени околу седум милиони луѓе, што претставува 4,2 проценти од вкупната вработеност во еврозоната. 

Поврзани вести