Skip to main content

Кина му нуди на Тајван енергетска стабилност во кризата во замена за „повторно обединување“

Freepik

Кина му понудила на Тајван енергетска стабилност во замена за „повторно обединување“ со Пекинг, објави „Ројтерс“.

Спортед агенцијата, официјален Пекинг порачал дека е подготвен да му обезбеди на островот „стабилна и сигурна енергија“ доколку се случи обединување поради светската криза во снабдувањето со енргенси предизвикана од војната на Блискиот Исток.

Ставот на Кина е дека мирното обединување би ги решило енергетските проблеми на Тајван со тоа што ќе му овозможи пристап до енергија и ресурси од копното.

Понудата доаѓа во време кога Тајван е загрижен за снабдувањето со гориво поради тензиите на Блискиот Исток.

Сепак, Тајван одговорил со порака дека веќе го диверзифицирал својот увоз на енергенси и ги зголемува испораките на гас од Соединетите Американски Држави, нагласувајќи дека само неговиот народ може да одлучи за иднината на островот.

Поврзани вести