
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун одржа церемонија во чест на своите војници и команданти кои се бореа за Русија против Украина.
Сликите објавени од севернокорејските државни медиуми го покажуваат лидерот Ким Џонг Ун како клекнува пред портрети на војници кои загинаа борејќи се за Русија против Украина и бакнува преживеан од конфликтот.
На церемонијата одржана во седиштето на Работничката партија на Кореја, Ким Џонг Ун ги поздрави „херојските“ војници кои се вратија откако, како што рече, издржаа рафали од куршуми и бомби.
Снимката го покажува и како прегрнува војник. Тој е виден и како клекнува пред портрет на војник кој паднал во битка и положува медали и цвеќе пред слики од други.
Ким Џонг-ун, исто така, им додели титули Херој на Демократската Народна Република Кореја (официјалното име на Северна Кореја) на команданти кои се бореле во операции во странство и „постигнале значајни подвизи“.
Северна Кореја за прв пат потврди во април дека распоредила контингент од своите војници заедно со Русите и против Украинците.
Ким Џонг-ун одржа церемонија во чест на загинатите војници кои се бореа за Русија против Укрина
Јужнокорејските и западните разузнавачки агенции потврдија дека Пјонгјанг испратил повеќе од 10.000 војници во рускиот Курски регион во 2024 година, како и артилериски гранати, ракети и ракетни системи со долг дострел.
Околу 600 севернокорејски војници се убиени, а илјадници се ранети борејќи се за Русија, според јужнокорејските извештаи.
Пјонгјанг и Москва се обврзани со договор за безбедност и одбрана од 2024 година.