Skip to main content

Ќе растат цените на кондомите: Кина ги укинува даночните олеснувања

Цените на кондомите ќе растат: Кина ги укинува претходните даночни олеснувања за да го зголеми наталитетот.

Кинеската влада одлучи да ги укине даночните олеснувања за контрацепција, коишто беа во сила од почетокот на 1990-тите години. По ваквата одлука, овие производи ќе станат најмалку 13% поскапи.

Речиси 40-годишната политика „едно дете по семејство“ доведе до нагло намалување на растот на населението во Кина.

Сега пак, раѓањата активно се охрабруваат со плаќања во готово, се одржуваат посебни часови на универзитетите и се одржуваат состаноци за возвишување на семејните вредности.

Поврзани вести