Skip to main content

Ќе ги одложиме новите царини за ЕУ ако купат наши енергенси за 350 милијарди долари, кажа Трамп

Freepik

Европската Унија ќе мора да купи американски енергенси во вредност од 350 милијарди долари за да добие одложување на новите царини, кажа Доналд Трамп, отфрлувајќи ја понудата за заемни царини од 0% за автомобили и индустриски стоки.

Ова доаѓа откако претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен кажа дека ЕУ ќе му понуди на Вашингтон укинување на царините за увоз на автомобили и индустриски стоки, ако САД го направат истото. Запрашан од новинарите во Белата куќа дали е тоа доволно, Трамп одговори:

Не, не е. Имаме дефицит со Европската Унија од 350 милијарди долари и тоа брзо може да исчезне. Еден од начините е тие да купат наши енергенси. Нека ги купат и ќе можеме за една недела да ги избришеме тие 350 милијарди долари – изјави Трамп.

Понудата на Брисел уследи откако Трамп минатата недела воведе царини од 20% за цела Европска Унија, ставајќи ја во групата од 60-ина држави кои беа означени како „најлоши престапници“.

Предлогот на Трамп не е ништо ново. Набргу по неговото враќање во Белата куќа, Фон дер Лајен предложи почнување преговори за купување повеќе американски течен природен гас, но тоа не се реализираше.

Поврзани вести