
Министерството за надворешни работи на Казахстан поднесе официјален протест до Украина поради ракетниот и нападот со беспилотни летала врз инфраструктурата на Конзорциумот за Касписки нафтовод во руското пристаниште Новоросијск.
Го сметаме овој инцидент за чекор што им штети на билатералните односи меѓу Република Казахстан и Украина и очекуваме украинската страна да преземе ефикасни мерки за спречување на слични инциденти во иднина“, се вели во соопштението.
Во соопштението не нагласува дека ова е веќе трет чин на агресија против исклучиво цивилен објект, чие функционирање е загарантирано со меѓународното право.
Преку ова руско пристаниште и нападната инфраструктура се одвива голем дел од казахстанскиот извоз на нафта и гас, што значи дека каков било прекин на работата на терминалот ќе предизвика сериозен финансиски удар за извозот на Казахстан.

Македонски






