Skip to main content

Јермак: На Украина ѝ е потребна европска поддршка за да ја заврши војната

Началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, денеска изјави дека на Украина и е потребна европска поддршка за да ја заврши војната „која воопшто не ја сакаше“.

Ние сме жртви на оваа агресија и навистина сакаме да се воспостави праведен мир. Сакаме оваа војна да заврши. Оваа година, се разбира, говорот на претседателот во Давос беше конкретно насочен кон Европа, рече Јермак во интервју за „Еуроњуз“ на англиски јазик.

Кога станува збор за ветувањето на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната за еден ден, Јермак не сакаше да спомене никаква временска рамка, нагласувајќи дека, кога тоа би зависело од Украина и демократскиот свет, војната би била завршена утре.

Поврзани вести