
Јеменските Хути, кои се поддржани од Иран, одлучија да ги продолжат своите ракетни и беспилотни напади врз бродските патишта и Израел, изјави неименуван функционер на Хутите.
Според извори, првиот напад би можел да се случи уште вечерва, објави „Тајмс оф Израел“.
Хутите претходно ги суспендираа нападите врз бродската патека на Црвеното Море и Израел како дел од договорот со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој вклучуваше и суспензија на американските напади врз нив.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави претходно денеска дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги елиминира заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја. Извор претходно изјави дека израелскиот напад врз Иран е координиран со САД.

Македонски


