
Израелскиот претседател Ицак Херцог изрази жалење за Израелците убиени во иранските ракетни напади во текот на ноќта, опишувајќи го како „многу тажно и тешко утро“.
Нашите сестри и браќа беа убиени и повредени синоќа во криминалните ирански напади врз цивилното население во Бат Јам, Тамра и други заедници. Евреи и Арапи, долгогодишни граѓани и нови доселеници, вклучувајќи деца и постари лица, жени и мажи. Ja споделувам големата тага на семејствата и жалам поради ужасната загуба. Се молам за закрепнување на повредените и за пронаоѓање на исчезнатите. Ќе жалиме заедно. Ќе надминеме заедно“, напиша Херцог во објава на платформата Икс.
Според медиумските извештаи, најмалку 10 лица загинале, а десетици се повредени во серија напади во близина на Тел Авив. Во Бат Јам продолжува потрагата по околу 20 исчезнати лица.