Skip to main content

Израелскиот министер за одбрана побара од армијата план за одлучувачки пораз на Хамас

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, побара израелската војска да претстави план за „одлучувачкиот пораз“ на палестинското движење Хамас, доколку заложниците не бидат ослободени од Појасот Газа пред Доналд Трамп да ја преземе функцијата претседател на САД.

Во соопштението од кабинетот на Кац се наведува дека на средбата на високо ниво било нагласено дека ослободувањето на заложниците останува главен приоритет на израелскиот безбедносен естаблишмент, објавија израелските медиуми.

На средбата, меѓу другите, присуствувал и началникот на Генералштабот на Израел, генерал потполковникот Херзи Халеви.

Не можеме да дозволиме да бидеме вовлечени во долга исцрпувачка војна додека заложниците се во тунелите на Хамас, нивните животи се во опасност и тие многу страдаат, вели Кац.

Министерот и наложи на војската да ги наведе потенцијалните пречки за спроведување на планот, вклучително и хуманитарните грижи, и да ги остави клучните одлуки на политичкиот ешалон.

Кац ги отфрли дискусиите за политичко решение за Газа, велејќи дека ниту еден арапски или меѓународен актер нема да ја преземе одговорноста за цивилното управување со Газа доколку не дојде до целосен колапс на Хамас.

Нашите команданти и војници водат херојска битка, но ние мора да усвоиме стратегија за да постигнеме одлучна воена победа и да ставиме крај на војната во Газа, вели израелскиот министер за одбрана.

Предложениот целосен пораз на Хамас ќе се фокусира на уништување на преостанатите воени единици на палестинската организација концентрирани во Нусејрат и Деир ал-Балах во централна Газа, каде што се верува дека се држат повеќето заложници.

Во последните недели, Израел и Хамас се чини дека се приближија до договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците. 

Поврзани вести