Skip to main content

Израел забележа рекордно високи ноќни температури

Јennifer Guerin on Unsplash

На брегот на Мртвото Море во Израел е измерена рекордна минимална температура од 36,6 степени Целзиусови, што е највисока ноќна температура досега регистрирана во земјата, соопшти Израелската метеоролошка служба.

Рекордот е забележан на планината Содом, во источниот дел на земјата, и го надминува претходниот од 35,5 степени. Властите издадоа повеќе предупредувања до граѓаните да останат во затворен простор, бидејќи се очекува врвот на топлотниот бран да донесе и до 50 степени во внатрешноста.

Мртвото Море, на границата со Јордан, е најниската точка на Земјата, на околу 430 метри под морското ниво.

Поврзани вести