
Израелските одбранбени сили (IDF) соопштија дека во почетната фаза од операцијата „Рикачки лав“ биле елиминирани високи членови на иранското Министерство за разузнавање, како и дека бил извршен напад врз седиштето на институцијата во Техеран.
Според објавата на IDF на социјалната мрежа X, во нападот бил убиен Сајед Јахја Хамиди, заменик-министер за разузнавање задолжен за „израелски прашања“, кој, како што се наведува, раководел со активности насочени кон еврејски и западни цели, како и кон противници на режимот во Иран и во странство.
Меѓу ликвидираните, според израелската страна, е и Џалал Пур Хосеин, кој ја предводел дивизијата за шпионажа во рамки на министерството.
Израелската армија наведува дека нападите биле изведени врз основа на „прецизни разузнавачки информации“, а освен поединечните цели, погодено било и седиштето на Министерството за разузнавање во главниот град на Иран.


Македонски


